Саркози на 21 октомври почна да ја издржува петгодишна затворска казна затоа што со криминално здружување ја финансирал претседателската кампања во 2007 година со средства од Либија.
- Тешко е, многу е тешко, како што е сигурно за секој затвореник, би рекол дека е исцрпувачки, изјави Саркози и им се заблагодари на затворските службеници кои, како што додаде, „ја направија оваа ноќна мора поднослива“.
Саркози на рочиштето се приклучи преку видео-повик, заедно со двајца од своите адвокати.
Канцеларијата на јавниот обвинител денеска побара негово пуштање на слобода под судски надзор.
Државниот обвинител Дамијен Брун изјави дека „ризиците од договарање и вршење притисок врз сведоци ги оправдуваат барањата за ставање под судски надзор“ и побара барањето на Саркози за пуштање на слобода да се одобри.

