Санчез со остра критика кон Нетанјаху: Неприфатливо е непочитувањето на животот и меѓународното право

9.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Санчез со остра критика кон Нетанјаху: Неприфатливо е непочитувањето на животот и меѓународното право

Санчез ги осуди, како што наведе, „неприфатливите“ кршења на меѓународното право од страна на Тел Авив, пишува агенцијата Анадолија.

Во објава на Икс Санчез напиша: „Денеска, Нетанјаху го започна својот најжесток напад врз Либан откако започна офанзивата“. 

Шпанскиот премиер како неприфатливо го оцени непочитувањето на животот и меѓународното право од страна на израелскиот премиер.

Тој изјави дека мора да се преземат итни мерки и дека „Европската Унија мора да го суспендира Договорот за асоцијација со Израел“. Исто така, тој побара „Либан задолжително да биде дел од прекинот на огнот“, алудирајќи на примирјето постигнато во вторникот меѓу САД и Иран. 

Санчез додаде дека „меѓународната заедница мора да го осуди ова ново кршење на меѓународното право“, дополнително нагласувајќи ја потребата од одговорност.

„Не смее да има неказнивост за овие криминални дела“. Според податоците на либанскиот министер за здравство, најмалку 254 лица загинаа, а 1.400 беа повредени во израелските напади.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата