Санчез најавува рекорден воен буџет за Шпанија да ги исполни стандардите на НАТО

23.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Санчез најавува рекорден воен буџет за Шпанија да ги исполни стандардите на НАТО

Санчез рече дека владата ќе го зголеми воениот буџет за 10,5 милијарди евра, за да се постигне целта на НАТО од два отсто од БДП издвоен за овие цели.

Шпанија минатата година потроши најмалку од сите членки на НАТО за одбрана, иако претходно вети дека ќе го достигне стандардот на НАТО до 2029 година.

Американскиот претседател Доналд Трамп постојано изјавува дека Европа не троши доволно за сопствената одбрана и ги тераше членките на НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана на дури пет отсто од БДП.

Соочувајќи се со „ерата на промени“, Санчез рече дека е време Шпанија „да ја преземе контролата над својата судбина“ и да придонесе за повторно вооружување на Европа.

„Да ме прашавте пред многу години за приоритетите на мојата влада во инвестирањето во безбедноста и одбраната, очигледно мојот одговор ќе беше поинаков. Тоа не е затоа што нашите вредности се сменија, туку затоа што светот се промени“, рече Санчез.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата