Самитот на БРИКС ќе се одржи во Рио де Жанеиро на 6 и 7 јули

16.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Самитот на БРИКС ќе се одржи во Рио де Жанеиро на 6 и 7 јули

Оваа година Бразил е ротирачки претседавач на групата водечки економии во развој  - Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република.

Блокот се прошири, се приклучија Иран, Египет, Етиопија, Обединетите Арапски Емирати и Индонезија, а поканата за приклучување беше упатена и до Саудиска Арабија.

Турција, Азербејџан и Малезија поднесоа официјални апликации за членство. Нигерија има статус на „партнер“.

„Ќе донесеме стратешки одлуки за развој, соработка и за подобрување на животот на граѓаните на земјите од БРИКС и нашите партнери“, изјави бразилскиот министер за надворешни работи Мауро Виеира.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата