САД со санкции и распишани потерници против кинески кибер криминалци и компании

5.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД со санкции и распишани потерници против кинески кибер криминалци и компании

Обвинети се кинеските државјани Џоу Шуaј и Јин Кеченг, осум вработени во „i-Soon“,  и двајца офицери на кинеското Министерство за јавна безбедност.

Дополнително, САД воведоа санкции против Џоу Шуaј, кибер-актер и трговец со податоци од Шангај, и неговата компанија, „Shanghai Heiying Information Technology“. Шуaј нелегално прибавувал, посредувал и продавал податоци од високо чувствителни критични инфраструктурни мрежи во САД, вклучувајќи ги одбранбениот индустриски сектор, комуникациите, здравството и владините институции. Против него е објавена и потерница вредна два милиони долари.

- Кина обезбедува засолниште за приватни компании кои спроведуваат злонамерни кибер-активности против САД и партнерите. Тие исто така се ангажирани од кинеската комунистичка партија во разни нивоа на контрола и ефикасност. Кибер-актерите поддржани од Кина остануваат една од најголемите и најупорните закани за националната безбедност на САД, се вели во денешното соопштение од Стејт департментот. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата