Во трилатералните вежби, први од ваков вид одржани оваа година, учествуваа и јужнокорејски борбени авиони Ф-15К и јапонски Ф-2, објави јужнокорејска новинска агенција.
Одржувањето на заедничката вежба на трите земји доаѓа по неодамнешното лансирање хиперсонични и балистички ракети со краток дострел од страна на Северна Кореја, а последните такви вежби беа одржани во ноември минатата година.
Во соопштението од Министерството за одбрана на Јужна Кореја се наведува дека последната вежба се одржала за да се подобрат координираните способности за одвраќање и реагирање на нуклеарниот развој и ракетните закани од страна на Пјонгјанг, како што е наводното лансирање на хиперсонична балистичка ракета.
Северна Кореја лансираше, како што тврдеше, хиперсонична балистичка ракета со среден дострел на 6 јануари, а потоа лансираше неколку балистички ракети со краток дострел.
„Јужна Кореја, САД и Јапонија ќе ја зајакнат соработката за заедничко одвраќање од заканите на Северна Кореја и одговорот на нив“, соопшти Министерството.