Се очекува Хамас да ослободи 33 заложници за време на првата фаза од прекинот на огнот, изјавија двајца израелски официјални лица, објави Ројтерс. Според најавите од Тел Авив, израелската влада утре ќе гласа за договорот.
Хамас и неговите сојузници сè уште држат 94 од 251 заложници земени од Израел, вклучително и најмалку 34 за кои израелската влада тврди дека се мртви.
Jerusalem Post претходно објави дека договорот се очекува да има три фази. Во првиот Хамас би ослободил 31 заложник, а израелските одбранбени сили постепено би се повлекле од Појасот Газа, но би го задржале безбедносниот периметар. Израел, исто така, ќе ги ослободи терористите осудени на доживотен затвор, вклучително и оние кои учествувале во нападот на 7 октомври 2023 година. Првата фаза би траела 42 дена, за време на која ИД ќе одржи присуство во коридорот Филаделфија. На првиот ден, три жени држени во заробеништво од Хамас ќе бидат ослободени.
Втората фаза вклучува ослободување на дополнителни заложници и повлекување на ИДФ од Појасот Газа, како и обезбедување безбедносни протоколи за Палестинците кои се враќаат во северниот дел на Газа.
Во третата фаза, според планот, сите преостанати заложници би биле ослободени, а ИДФ потоа целосно би се повлекла од Појасот Газа.
Израел верува дека повеќето од 33-те заложници што ќе бидат ослободени за време на првата фаза од договорот се живи, изјави висок израелски функционер за новинарите во понеделникот, но меѓу ослободените најверојатно ќе има и тела на мртви заложници. Првата фаза ќе се одржи за време на првичниот 42-дневен прекин на огнот.
🔺 BREAKING: Gaza ceasefire: US says deal agreed between Israel and Hamas. More to follow
— The Times and The Sunday Times (@thetimes) January 15, 2025
🔓 This article is free to readhttps://t.co/ELxtxktjWY
Министерството за одбрана и ИДФ добија инструкции да се подготват за спроведување на договорот за заложници во Појасот Газа. Ова ги вклучува војниците во Појасот Газа, на границата и на домашниот фронт, како и организацијата на медицинскиот персонал и воздухопловните сили, пишува „Џерусалим пост“.
Палестинската милитантна група Хамас, наводно, побарала испорака на телото на убиениот политички лидер на групата, Јахја Синвар, во првата фаза од договорот за прекин на огнот во Појасот Газа, објави порталот Ал Хадат во сопственост на Саудиска Арабија, повикувајќи се на неименувани извори.
Според изворите, наводно било договорено и веднаш да се подобрат условите на затворениците во израелските затвори.
Договорот, наводно, бил постигнат по „пробивот“ во преговорите на кои присуствувале тимовите на американскиот претседател Џо Бајден и новоизбраниот претседател Доналд Трамп, пишува „Џерусалим пост“.