САД/Избори: На Трамп му требаат уште четири електорски гласови за да победи

6.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД/Избори: На Трамп му требаат уште четири електорски гласови за да победи

Врз основа на тековните проекции на Си-Ен-Ен, се помали се шансите потпретседателката Камала Харис до победи на претседателските избори.

Поранешниот претседател Доналд Трамп има 266 електорски гласови, а Харис има 188 електорски гласови, проектира Си-Ен-Ен. Тоа значи дека Трамп треба да освои само уште четири електорски гласови за да ја освои претседателската функција.

Си-Ен-Ен предвиде дека Трамп ќе освои неколку клучни колебливи држави – вклучувајќи ги Северна Каролина, Џорџија и уште поважно, Пенсилванија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата