Италија бара итно ослободување на новинарката Сесилија Сала од притворот во Иран

2.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Италија бара итно ослободување на новинарката Сесилија Сала од притворот во Иран

Италија денеска побара итно ослободување на италијанската новинарка Сесилија Сала, која е притворена во Иран од 19 декември, беше соопштено по средбата на генералниот секретар на италијанското Министерство за надворешни работи, Рикардо Гвариљa, со иранскиот амбасадор во Рим.

Во соопштението се наведува дека Гвариљa го повторил барањето да се обезбедат соодветни услови за притвор на Сала, со почитување на човековите права, како и да се гарантира нејзината целосна конзуларна помош, со дозвола да биде посетена од персоналот на италијанската амбасада во Техеран.

Гвариљa побарал и да i се дозволи на Салa да прима пакети, што досега не беше можно.

Италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани денеска изјави дека италијанската влада неуморно работи на ослободување на новинарката од првиот ден од нејзиното апсење и дека очекува да бидат почитувани сите нејзини права.

Сала, 29-годишна дописничка на Ил Фољо, беше уапсена на 19 декември во Иран, каде отиде со новинарска виза и беше обвинета за наводно кршење на исламскиот закон.

Тaa моментално се наоѓа во затворот Евин во Техеран.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата