САД им воведоа нови санкции на Иран и Хезболах

3.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД им воведоа нови санкции на Иран и Хезболах

Министерството за финансии соопшти дека неговата Канцеларија за контрола на странски средства „презема мерки против мрежите кои колективно транспортирале и купиле иранска нафта во вредност од милијарди долари, од кои дел им користеле на Иранската револуционерна гарда - Кудс сили (IRGC-QF), која е означена како странска терористичка организација“.

Санкциите, исто така, ги таргетираат бродовите вклучени во транспортот на нафта од Иран.

„Министерството ќе продолжи да воведува мерки против Техеран“

Министерот за финансии Скот Бесент изјави: „Министерството ќе продолжи да воведува мерки против изворите на приходи на Техеран и да го зголемува економскиот притисок за да го наруши (неговиот) пристап до финансиските ресурси што им овозможуваат дестабилизирачки активности“.

Санкции беа воведени и против неколку високи функционери и правно лице поврзано со Хезболах за помагање во избегнувањето на санкциите.

Овој потег ја нагласува посветеноста на нарушувањето на напорите на Хезболах да ги избегне санкциите, според министерството.

Санкциите, исто така, имаа за цел да ги поддржат напорите на новата либанска влада да го ограничи влијанието на терористичката група, особено затоа што актери како што е финансиската институција на Хезболах продолжуваат да ја поткопуваат веќе кревката економија на Либан, соопшти министерството.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата