Двајцата биле извлечени од немирното море на безбедно, а шпекулациите за самиот инцидент наскоро почнаа да кружат. Полицијата конечно стави крај на сите шпекулации и откри каде бил таткото во времето на инцидентот.
Петгодишното девојче паднало од четвртата палуба на Дизни крузерот околу 11:30 часот наутро во недела, додека пловеле од Бахамите кон Флорида.
Стотици патници го гледале драматичното спасување на девојчето, додека храбриот татко ја држеше над површината околу 20 минути.
Сепак, набрзо почнаа да кружат разни шпекулации и таткото се претвори од херој во виновник, откако некои сведоци рекоа дека ја кренал ќерка си за да се фотографира, по што таа паднала наназад од бродот. Многумина побарале таткото да оди во затвор, да биде обвинет за занемарување на дете, да му се одземе детето и сопругата да се разведе од него.
@noeayala32 #disneycruise #disneydream ♬ original sound - noe ayala875
Шерифската канцеларија на округот Бровард, која истражува што се случило, конечно стави крај на гласините.
Шерифот Грегори Тони рече дека девојчето седело на оградата и паднало наназад, но дека таткото не ја ставил таму.
„Откако мајката на девојчето му кажала на нејзиниот сопруг, кој не го видел инцидентот, тој скокнал во океанот за да ја спаси својата ќерка“, рече Тони.
Тој додаде дека откако 37-годишниот татко ја пронашол својата ќерка, ја држел над водата сè додека не ги спасил чамец за спасување од бродот.
Шерифот Тони рече дека безбедносното видео на бродот ги потврдува исказите од семејството и персоналот на крузерот за тоа што се случило.
@noeayala32 #disneycruise#disneydream ♬ original sound - noe ayala875
Таткото бил повреден додека се борел да ја спаси својата ќерка и бил хоспитализиран откако бродот се вратил во пристаништето, но полицијата не го открила степенот на неговите повреди.
„Истрагата покажа дека од моментот на случајниот пад до моментот на спасување, поминале околу 20 минути. Откако биле спасени, биле прегледани од персоналот на бродот“, додаде тој.
Шерифот истакна дека семејството не живее во Флорида и дека детективите сè уште собираат информации, но дека неговата канцеларија објавила што знаат досега „како одговор на дезинформации“.