САД им ги укинаа визите на 27 лица- дистрибуирале порнографски слики со деца на „Дизни“ бродовите

9.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД им ги укинаа визите на 27 лица- дистрибуирале порнографски слики со деца на „Дизни“ бродовите

Американската служба за имиграција и царина им ги одзеде визите на 27 лица, претежно од Филипините, вклучувајќи и некои кои работеле на бродови на „Дизни Круз Лајн“, под сомнение за примање, поседување, транспорт, дистрибуција или гледање слики од сексуална злоупотреба на деца, соопшти денеска американската царинска и гранична заштита (ЦБП).

Агенцијата соопшти дека луѓето се враќаат во нивните матични земји, но не кажа дали некој од нив бил патник или кои бродови се под истрага.

Не кажа зошто бродовите биле цел или каде биле спроведени операциите, објави АП.

„Дизни Круз Лајн“ соопшти дека има „политика на нулта толеранција за ваков вид однесување“ и дека целосно соработува со властите.

„Повеќето од вклучените не работеле за нашата компанија, а оние кои работеле повеќе не се вработени кај нас“, се вели во соопштението на компанијата.

Групите за имигрантски и работнички права предупредија дека не можеле да добијат детални информации за статусот на работниците и причините за мерките.

ЦБП потсети дека не мора да се поднесе кривична пријава за да се одземе виза.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата