- Овој чекор ќе ги олесни нашите заеднички напори за промовирање на стабилноста, поддршка на економското закрепнување и унапредување на политичкото помирување во Венецуела. Нашиот ангажман е фокусиран на помагање на венецуелскиот народ да продолжи напред преку фазен процес што создава услови за мирна транзиција кон демократски избрана влада, се наведува во соопштението на Стејт департментот.
Поранешниот претседател на Венецуела Николас Мадуро во 2019 година, за време на првиот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп, ги прекина односите со Вашингтон.
Американските сили на 3 јануари го уапсија Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес во Каракас и ги префрлија во Њујорк, каде што се обвинети за дела поврзани со дрога. Претседателската функција ја презеде потпретседателот Делси Родригез.
Преодната влада во Каракас го потврди обновувањето на односите.

