САД и Иран меѓусебно се обвинуваат за нарушување на примирјето во Ормускиот теснец

8.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД и Иран меѓусебно се обвинуваат за нарушување на примирјето во Ормускиот теснец

Врховната команда на иранската војска ги обвини САД за напад врз ирански танкер и уште едно пловило близу Ормускиот Теснец, како и за воздушни напади врз неколку крајбрежни области. Во исто време, САД кажаа дека во самоодбрана одговориле на ирански напад врз американски разурнувачи.

„Иран се поигруваше со нас, но ги разнесовме“, кажа Трамп.

Тој вчера најави дека договор со Иран е блиску, додека иранското министерство за надворешни работи соопшти дека се разгледува американски предлог за завршување на војната, која почна на 28 февруари.

Обединетите Арапски Емирати кажаа дека утрово активно реагирале на напад со дронови и проектили од Иран.

Иранските државни медиуми во прв момент известија за експлозии во Ормускиот Теснец, опишувајќи ги како „размена на оган со непријателот“, додека локални медиуми кажаа дека имало експлозии и во Техеран.

И додека Иран ги обвини САД за кршење на примирјето, Централната команда на американската војска ги опиша иранските напади како неиспровоцирани, велејќи дека три американски разурнувачи биле нападнати со дронови, проектили и бротчиња додека минувале низ Ормускиот Теснец.

„Ги елиминиравме заканите и ги таргетиравме иранските воени објекти одговорни за напад на американските сили. Ние не бараме ескалација, но остануваме позиционирани и подготвени да ги заштитиме американските сили“, соопшти командата.

Трамп дополнително кажа дека им била нанесена голема штета на иранските напаѓачи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата