Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека на црната листа се и јапонскиот амбасадор во Украина, Масаши Накагоме, поранешниот амбасадор Кунинори Мацуда и високи претставници на Јапонската агенција за меѓународна соработка.
Забрана за влез во Русија е воведена и за челниците на големите јапонски корпорации, вклучувајќи ги корпорацијата IHI, ISUZU Motors, Prodrone и Cyberdyne. Москва го обвини Токио дека следи антируски курс под притисок на Западот и предупреди на дополнителни последици доколку Јапонија продолжи со својата рестриктивна политика.
Јапонија воведе повеќе пакети санкции кон Русија од почетокот на војната во Украина во 2022 година, насочени кон функционери, финансиски институции и клучни индустрии. /МИА