Русија и Украина разменија по 90 затвореници

26.06.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Русија и Украина разменија по 90 затвореници

„На крајот на преговарачкиот процес, 90 руски војници кои беа во животна опасност во заробеништво се вратени од територијата под контрола на режимот во Киев“, објави Министерството за одбрана на Русија на Телеграм.

За возврат, беа предадени 90 воени заробеници од украинските вооружени сили, додаде руското Министерство, наведувајќи дека размената била извршена со „хуманитарно посредништво“ на ОАЕ.

Последната голема размена на затвореници меѓу Русија и Украина беше во февруари. ОАЕ, исто така, посредува во враќањето на украински деца од Русија. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата