Весникот наведува дека Русија гради нова командна база во Петрозаводск, на околу 160 километри од границата со Финска. Базата ќе биде команден центар за десетина илјади војници во следните години.
- Најголемо воено зајакнување се одвива во Ленинградскиот воен округ, што граничи со Естонија, Летонија и Финска. Таму бригадите се прошируваат во дивизии од по 10.000 војници, а се градат нови магацини, воени сместувачки капацитети и железничка пруга близина на границите со Финска, Естонија и Норвешка, изјави Емил Кастехелми од аналитичката фирма „Блек Брд Груп“ (Black Bird Group).
Претседателот на Русија, Владимир Путин нареди зголемување на бројот на војници од еден милион пред инвазијата врз Украина, сега на 1,5 милиони. Исто така е зголемен воениот буџет на повеќе од шест проценти од бруто домашен производ, што е повеќе од воените расходи на САД и на земјите-членки на Европска Унија.
Финските воени експерти предупредуваат, дека Русија по завршување на војната со Украина, дека потенцијален непријател би била Финска.
- Ако видите да градат нови железнички пруги, време е да почнете да се грижите, изјави мајор Јуха Кукол од Финскиот национален одбранбен универзитет,
Додека командантот на американските сили во Европа, Кристофер Каволи наведе дека руската армија се обновува многу побрзо од очекуваното.
Претходно, Данската разузнавачка служба предупреди дека Русија би можела да биде подготвена за голема војна во Европа во следните пет години, а можеби и порано, во зависност од завршување на војната во Украина.
Дел од западните аналитичари оценуваат дека Русија би можела да го тестира единството на НАТО со напад врз помала земја-членка на Алијансата, како Естонија, каде има голема руска заедница.
Руското воено производство исто така бележи раст, од годишно производство на тенкови Т-90М од 40 се зголеми на околу 300. Зголемено е и производството на артилеријата и беспилотните летала, а отворени се и нови погони за производство на оружје.
Кремљ најави и ширење на воената стратегија на Арктикот, кој според Путин е ново геополитичко жариште.