-Оваа војна нема да заврши со воено, туку со дипломатско решение, и колку побрзо се постигне договор за завршување на оваа војна во Украина, толку помалку луѓе ќе умираат и толку помалку уништување ќе има. И на крајот на денот, тоа е целта на претседателот (Доналд Трамп), рече Рубио, додавајќи дека се надева на скоро решение.
Тој посочи дека Трамп сака страните во конфликт да се фокусираат на економијата, реконструкцијата и градежништвото, се наведува на интернет страницата на Стејт департментот.
„(Трамп) беше многу јасен дека сака војната да заврши. Тој е отворен за практично секој механизам што нè доведува до праведен, траен и долготраен мир, и тоа е она што тој сака да го види. Тој сака да види крај на војните, сака да спречи да се случат војни. Целта на НАТО е да спречува војни со сопствена сила и затоа сакаме да го видиме како се зајакнува, со нивоа на трошење меѓу сите партнери што ќе им овозможат на сите да бидат посилни“, рече Рубио.
Истовремено, Руте рече дека на НАТО му е потребно американско лидерство поради руската и кинеската закана, посочувајќи дека Трамп и Рубио претставуваат добри лидери.