- Оваа резолуција е во согласност со ставот на Доналд Трамп дека ОН мора да се вратат на својата основна цел, како што е наведено во Повелбата на ОН, а тоа е одржување на меѓународниот мир и безбедност преку мирно решавање на споровите, рече Рубио.
Според неговото мислење, „ако ОН се навистина посветени на својата основна цел, мора да се признае дека е можно да се постигне траен мир, и покрај предизвиците“.
ДПА претходно јави дека пред третата годишнина од инвазијата на Русија врз Украина, САД предложиле нацрт-резолуција на Обединетите нации во која Москва не се именува експлицитно како агресор, ниту пак се повикува на повлекување на руските трупи од Украина.
Тоа е во спротивност со резолуцијата поддржана од Европа во која се бара итно повлекување на силите на Москва од Украина. Текстот на САД исто така повикува на прекин на конфликтот и се изразува жалење за загубата на животи.
Предлогот поддржан од Европа требаше да биде поднесен на Генералното собрание на ОН в понеделник кога се навршуваат три години откако Русија ја нападна Украина./МИА