Рубио: НАТО сојузниците ќе мора да одговорат на загриженоста на претседателот Трамп

22.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рубио: НАТО сојузниците ќе мора да одговорат на загриженоста на претседателот Трамп

Американскиот државен секретар Марко Рубио им порача на сојузниците од НАТО дека алијансата ќе мора да одговори на загриженоста на претседателот Доналд Трамп.

Во врска со реакциите на европските партнери кон операциите на САД и Израел на Блискиот исток.. Рубио пораката ја даде на состанокот на министри за надворешни работи на НАТО во Шведска, каде што посочи дека жешката тема ќе биде ставена на маса на јулскиот самит во Анкара.. Како една од причина, Рубио ја наведе одлуката на некои земји како Шпанија да не ѝ дозволат на американската армија да ги користи нивните бази за напади врз Иран. Меѓу другите теми на состанокот се прашањата за војните во Иран и во Украина, како и заложбата земјите членки до 2030-та година да одвојат пет проценти од БДП за одбраната.

 Ова е првата средба на министрите за надворешни работи на НАТО од почетокот на војната во Иран и по низа најави од САД дека сакаат да го намалат својот ангажман во Европа.. Сепак Трамп ги изненади сојузниците во НАТО со најавата дека ќе испрати дополнителни 5.000 војници во Полска..

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата