Американскиот државен секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник на Белата куќа Стив Виткоф од денеска до 18 април ќе го посетат Париз за да разговараат со своите европски партнери за прекин на војната на Русија против Украина, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на соопштение на американскиот Стејт департмент.
Преговорите што ги иницираше американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на огнот меѓу завојуваните страни досега не дадоа никаков успех, а рускиот напад врз градот Суми во североисточна Украина во неделата, во кој загинаа најмалку 35 цивили, е доказ за продолжувањето на овој смртоносен конфликт, забележуваат агенциите.
По состанокот со рускиот претседател Владимир Путин завчера, Виткоф рече дека разговорите се „на работ“ на напредок.
Средбата во Париз се одржува и во позадина на преговорите меѓу Техеран и Вашингтон за иранската нуклеарна програма во Оман, кои првично беа планирани да се одржат во Рим.
Фото: ЕПА