Рјабков: Русија сè уште нема јасна претстава за состанокот за Украина во Берлин

16.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рјабков: Русија сè уште нема јасна претстава за состанокот за Украина во Берлин

-Немаме поим што се случи таму, изјави Рјабков за Еј-Би-Си, додавајќи дека, иако Москва не ги разбира деталите од постигнатите договори, Русија сака да го заврши конфликтот во Украина и ги поздравува напорите на американската администрација во таа насока.

Лидерите на десет европски земји и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера учествуваа на состанокот во Берлин, што имаше за цел да ги поддржи разговорите меѓу САД и Украина, објавија руските медиуми.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата