По силниот земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтер кој вчера го погоди турското подрачје во близина на Мраморното море регистрирани се уште 127.
Последователни земјотреси, од кои најсилниот бил 5,9 степени. Според информациите од министерството за здравство, повредени се вкупно 236 лица, најголем дел од нив во истанбул, додека во о повредени лица има и во локалните региони како Текирдаг, Сакарија, Јалова и Бурса.
Повеќето луѓе се повредиле скокајќи од високи објекти во паника. Сите се хоспитализирани, но нема животно загрозени.
Во центарот на Истанбул, во се урна една зграда, а уште девет куќи беа евакуирани поради претпазливост. Засега нема информации за жртви, но се апелира на внимателност и следење на препораките од надлежните служби. Ситуацијата сè уште е нестабилна, а се очекуваат и нови потреси. Претседателот на турција ердоган, изјави дека внимателно го следат развојот на настаните.