Бројките, кои не се независно потврдени, беа објавени по палестинските тврдења за повеќе од 100 жртви кога израелските војници вчера отворија оган врз луѓе кои чекаа да добијат хуманитарна помош. Израелската армија негираше дека имало какво било намерно пукање врз цивили.
Министерството за здравство во Газа денеска известисоопшти за вкупно 193 загинати и 920 ранети во последните 24 часа.
Вкупниот број жртви на палестинската територија од почетокот на војната меѓу Хамас и Израел пред речиси пет месеци сега е 30.228, а на повредени - 71.377. /МИА

