- Ова е гнасен чин на омраза, на антисемитизам, напиша тој на X. „Нашите срца се со најблиските на убиените, а нашите молитви се со повредените.“
Тој додаде дека ја испраќа својата „целосна поддршка“ на персоналот во амбасадата и е со еврејската заедница во САД.
- Америка и Израел ќе останат обединети во одбрана на нашиот народ и нашите заеднички вредности. Теророт и омразата нема да нè скршат, пишува тој.
Американскиот претседател Доналд Трамп ги осуди убиствата и сугерираше дека тие биле поттикнати од антисемитизам.
- Овие ужасни убиства во Вашингтон, очигледно базирани на антисемитизам, мора да престанат, веднаш! Омразата и радикализмот немаат место во САД, напиша тој на Truth Social.
- Сочувство до семејствата на жртвите. Толку е тажно што вакви работи може да се случат! Бог да ве благослови сите!, напиша Трамп.