Работниците од американскиот автомобилски сектор се закануваат со проширување на штрајкот

21.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Работниците од американскиот автомобилски сектор се закануваат со проширување на штрајкот

Обединетиот синдикат на работниците во автомобилската индустија (UAW) од минатиот петок штрајкува во фарбриките на „Форд“, во Мичиген, „Џенерал моторс“ (General Motors) во Мисури и  „Стелантис“ (Stellantis, поранешен „Крајслер“) во Охајо. Oва е првпат истовремено да штрајкуваат работниците на авто компаниите од „Големата тројка“.  

Главното незадоволсто на штрајкувачите е тоа што компаниите не сакаат да ги делат со работниците рекордните профити, – годишните плати на генералните директори се високи десетици милиони долари, досега работите примаат стотинакратно помалку. Тие исто така се незадоволни од новата систематизација за плата за трудот, при која нововработените добиваат многу помалку од нивните колеги со поголем стаж кои ја работат истата работа.  

Синдикатот бара покачување на платите за 40 отсто, некои од компаниите се спремни на зголемеувања од 17 до 25 отсто. 

Исто така се одлучува и за иднината на работниците во време кога овие класични американски компании за традиционални превозни средства транзитираат кон произвоство на електрични возила, што е многу поавтоматизирано и бара помалку работна рака. САД и многу други западни земји како Велика Британија, но и ЕУ, се заложија да го укинат производсството на коли со мотори на внатрешно согорување до 2035 година откога новите коли на продажба мора да бидат само електрични.  

Менаџментите на компаниите предупредија дека со продолжување на штрајкот може да се случи компаниите снабдители да започнат да отпуштаат свои работници. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата