Путин со реакција на војната во Иран

2.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Путин со реакција на војната во Иран

По разговорите со престолонаследникот Мохамед бин Салман од Саудиска Арабија, Кремљ објави дека „двете страни изразија сериозна загриженост за реалниот ризик од проширување на зоната на конфликт, која веќе ги зафати териториите на голем број арапски земји и има катастрофални последици“.

„Ова е исклучително опасно“

Путин ја нагласи потребата од дипломатија за решавање на „екстремно опасна ситуација“, додека, според Кремљ, саудискиот престолонаследник рече дека Москва, благодарение на добрите односи и со Иран и со земјите од Заливот, може да игра стабилизирачка улога.

Русија постојано ги осудува американските и израелските напади и атентатот врз врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.

Путин разговараше и со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин Зајед Ал Нахјан. „Двете страни ја нагласија потребата од прекин на непријателствата и враќање на политичкиот и дипломатскиот процес“, соопшти Кремљ.

Загриженост за вмешаност на трета страна

Кремљ, исто така, соопшти дека Путин и катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани „изразиле загриженост за ризикот од ширење на конфликтот на Блискиот Исток и опасноста од вмешаност на трета страна во него“ во телефонски разговор.

Рускиот претседател разговарал и со кралот на Бахреин, соопшти Кремљ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата