„Со одлука на Врховниот командант на вооружените сили на Руската Федерација Владимир Путин, врз основа на хуманитарни причини, на деновите од 80-годишнината, руската страна прогласува прекин на огнот. Во овој период, сите воени операции ќе престанат“, се вели во соопштението.
Прекинот на огнот ќе биде во сила од полноќ на 7-ми и 8-ми мај до полноќ на 10-ти и 11-ти мај.
„Русија верува дека Украина треба да го следи нејзиниот пример и исто така да прогласи прекин на огнот“, соопшти Кремљ.
Како што објави Кремљ, во случај на прекршување на прекинот на огнот од страна на Киев, руските трупи ќе обезбедат соодветен и ефикасен одговор.
„Руската страна уште еднаш ја изјавува својата подготвеност за мировни преговори без предуслови, насочени кон елиминирање на коренските причини за украинската криза, како и за конструктивна соработка со меѓународните партнери“, се вели во соопштението.
Да потсетиме дека рускиот претседател прогласи прекин на огнот и за велигденските празници. Во тоа време, примирјето требаше да трае 30 часа, а двете страни се обвинуваа меѓусебно за кршење на примирјето за време на празниците.