Пукотница во Ротердам: Студент ја убил сосетката, нејзината ќерка и неговата професорка (ВИДЕО)

28.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пукотница во Ротердам: Студент ја убил сосетката, нејзината ќерка и неговата професорка (ВИДЕО)

Полицијата претходно соопшти дека се убиени најмалку две лица. Осомничениот 32-годишен студент застрелал и убил 39-годишна жена која живеела во неговото соседство и ја застрелал нејзината 14-годишна ќерка. Девојчето подоцна починало во болница.

Откако ја запалил куќата на убиената, напаѓачот отишол во Универзитетската болница на Медицинскиот центар во Ротердам, каде влегол во амфитеатарот и ја убил 43-годишната професорка. Мажот бил уапсен во близина на болницата, каде што подметнал пожар. Неговиот мотив е непознат.

„Шокирани сме од страшниот инцидент. Пукање имаше на две различни места во градот. Многу луѓе беа сведоци на тоа“, изјави градоначалникот на Ротердам Ахмед Абуталеб. Главниот обвинител Хуго Хиленар рече дека осомничениот ѝ бил познат на полицијата и дека бил кривично гонет и осуден за злоупотреба на животни во 2021 година.

На снимката објавена на интернет се гледа како полицијата им дава инструкции на студентите, од кои некои биле во бели медицински мантили, да истрчаат надвор додека вооружени полициски екипи пристигнале на местото на настанот. На една снимка се гледа маж со лисици на рацете кој носи војнички панталони. Полицијата соопшти дека нема индикации за втор напаѓач.

Полицијата претходно соопшти дека нивната екипа влегла во болницата во потрага по напаѓачот, опишан како висок човек во борбена опрема. Локалните безбедносни служби известија дека избувнал пожар во куќата, кој во меѓувреме е изгаснат, а локалните медиуми јавуваат дека пожар избувнал и на универзитетот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата