Пукна брана во Русија- има загинати и исчезнати, прогласена е вонредна состојба (ВИДЕО)

29.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пукна брана во Русија- има загинати и исчезнати, прогласена е вонредна состојба (ВИДЕО)

„Рано утринава пукна привремената песочна брана на 11-та брава на Беломорско-балтичкиот канал во Сегежа. Уништени се 13 куќи во населбите лоцирани во близина на 11-та брава. Едно лице загина, а девет се повредени. Седум лица се спасени меѓу кои и три деца“, се наведува во соопштението.

Четири лица се водат како исчезнати. На почетокот се пишувало за шест исчезнати лица, но двајца се пронајдени. Службите за итни случаи на терен обезбедуваат помош за ранливото население.

Локалните власти го пријавија инцидентот меѓу бравите 10 и 11 на каналот во 6:34 часот по московско време. Локалните власти потврдија дека е прогласена вонредна состојба.

На снимката се гледа како вода тече низ уништената брана. Една жена на едно од видеата извикува: „Браната ја нема, штотуку ја снема... Беа однесени домови со луѓе внатре“. Каналот Бело Морски-Балтички го поврзува Белото Море на северозападна Русија со езерото Онега и има пристап до Балтичкото Море.

Инаку, привремената брана е поставена поради работи на реконструкција на каналот. Денешното пукање на браната е втор ваков инцидент во Русија во последните денови.

Во петокот, обилните дождови доведоа до уривање на брана во регионот на Уралските Планини во Челјабинск, каде што најмалку едно лице загина во поплавите во околните села. Во април, уривањето на браната во јужниот регион Оренбург доведе до историски поплави низ регионот, принудувајќи илјадници луѓе да се евакуираат од своите домови.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата