Првата пратка пченица по соборувањето на Асад пристигна во Сирија

21.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Првата пратка пченица по соборувањето на Асад пристигна во Сирија

Новите сириски власти објавија на Фејсбук дека брод натоварен со 6.600 тони пченица се закотвил во пристаништето Латакија. Тие не прецизираа која земја го испратила житото, пренесе НДТВ.

Сепак, сириските власти објавија фотографија од бродот, кој, според специјализираната веб-страница „Marine Traffic“, плови под руско знаме и кој на почетокот на месецов тргнал од пристаништето Ростов на Дон, јужна Русија.

Пред избувнувањето на граѓанската војна во 2011 година, Сирија ја произведуваше потребната количина пченица, потсетуваат агенциите. Меѓутоа, по почетокот на конфликтот, жетвата се намали и земјата почна да станува сè позависна од увоз, особено од Русија, која беше главен сојузник на Асад и на крајот го засолни откако беше соборен. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата