Поворка од верници и црковни службеници, како и шефови на држави, ќе се соберат на плоштадот „Свети Петар“ во 10 часот наутро, каде што потоа ќе се одржи миса за покој на душата на папата Франциск, објави Рома.
Според Ватикан, првиот ред ќе го заземат високи функционери од родната земја на папата, Аргентина и Италија, додека другите лидери ќе бидат подредени по француски азбучен ред.
На социјалните мрежи беше објавена фотографија од базиликата, на која се гледа како ќе изгледа надгробната плоча на папата Франциск.
#NEWS - 🔴La prima immagine della #tomba di #PapaFrancesco nella Basilica di Santa Maria Maggiore a #Roma
— Tv2000.it (@TV2000it) April 24, 2025
E' in marmo di provenienza ligure, "che è la terra dei suoi nonni"
Reca solo l'iscrizione "Franciscus", il nome in latino del #Papa, e la riproduzione della sua croce… pic.twitter.com/P6VvaltKxr
Направен е од мермер од Лигурија, местото од каде што потекнуваат неговите баба и дедо. Плочата е направена од бел мермер и на неа е напишан само еден збор: „Франциск“ - неговото име.
Гробницата се наоѓа во близина на олтарот на Свети Франциск.
Самата погребна церемонија ќе биде „приватен чин“. Литванскиот кардинал Роландас Макрикас ќе предводи традиционална молитва во време на болка, жалост и смрт пред римската базилика во 21 часот.
По погребот ќе бидат почитувани традиционалните деветдневни жалости, за време на кои ќе се одржат бројни молитви и миси за папата Франциск, а потоа ќе биде организирана конклава во Ватикан, каде што ќе биде избран нов поглавар.
Ковчегот на папата Франциск ќе биде запечатен за време на литургиската церемонија што ќе се одржи во базиликата „Свети Петар“ вечерва во 20 часот.
Кардиналот Кевин Фарел ќе ја предводи церемонијата на запечатување на ковчегот на папата Франциск, објави Ватикан њуз.
Тоа ќе го означи крајот на јавното прикажување на телото во базиликата „Свети Петар“, каде што десетици илјади луѓе му оддадоа почит на покојниот папа.
Канцеларијата за литургиски настани побара кардиналите Џовани Батиста Ре, Пјетро Паролин, Роџер Махони, Доменико Мамберти, Мауро Гамбети, Балдасаре Реина и Конрад Крајевски да присуствуваат на церемонијата на запечатување.
Меѓу оние што ќе помогнат на церемонијата ќе бидат надбискупот Едгар Пења Пара, надбискупот Илсон де Хесус Монтанари и монсињор Леонардо Сапиенца, како и секретарите на покојниот папа.
За потсетување, папата Франциск почина во понеделник, 21 април, од последиците од срцева слабост и мозочен удар, по битка со билатерална пневмонија поради која беше хоспитализиран.