Минатогодишната трагедија кај Сицилија, кога суперјахтата „Бајезан“ потона во ненадејна бура и однесе во смрт девет лица, вклучувајќи го и нејзиниот сопственик, британскиот тајкун Мајк Линч, го шокираше светот, а сега проколнатата јахта одзеде уште еден живот.
Нуркач од оперативниот тим кој ја извлекува суперјахтата на британскиот милијардер Мајк Линч, која потона покрај северниот брег на Сицилија минатиот август, загина во несреќа, соопшти полцијата, пренесе Гардијан.
Несреќата се случила вчера додека нуркачот сè уште бил под вода. Полицијата не ја открила точната причина за смртта.
Според локалните медиуми, нуркачот бил триесет и деветгодишен Холанѓанец кој работел за компанија специјализирана за вакви потфати.
Бродовите за извлекување на јахтата од морето пристигнале на локацијата во близина на пристаништето Портичело, во близина на Палермо, каде што „Бајезијан“ потонала.
Седум од 22 патници на јахтата загинаа во несреќата минатото лето, вклучувајќи го и 59-годишниот Линч и неговата 18-годишна ќерка Хана.
Меѓу загинатите беа членот на меѓународниот одбор на „Морган Стенли“, Џонатан Блумер (70), неговата сопруга Џуди (71), американскиот адвокат Крис Морвило и неговата сопруга Нед, како и готвачот Рекалдо Томас.
Петнаесет патници успеаја да се качат на чамец за спасување, вклучувајќи ја и сопругата на Линч, Анџела Бакарес.
Причината за потонувањето на јахтата сè уште се истражува, бидејќи поморските експерти тврдат дека јахта како „ Бајезиан “ требало да издржи ненадејна бура и не можела да потоне толку брзо.
Операцијата за спасување на јахти ја водат компаниите „TMC Marine“, „Hebo“ и „SMIT Salvage“ со поддршка на италијански специјалисти.
Околу 70 луѓе од цела Европа пристигнаа на Сицилија и учествуваат во напорите за спасување на јахтата.