Продавале човечки коски преку фејсбук, па ги уапсиле- полицијата го открила ценовникот

16.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Продавале човечки коски преку фејсбук, па ги уапсиле- полицијата го открила ценовникот

Полицијата почна да ги истражува активностите во продавницата на Шоперова, Wicked Wonderland, уште во декември 2023 година, по дојава за „обид за продажба на човечки коски“,јавува ABC News.

Сѐ започна со дојава

„Никогаш не сум видел вакво нешто во моите 17 години работа во полицијата“, изјави капетанот Шери Ел Шами.

По дојавата, властите биле предупредени за фотографии и реклами на Фејсбук за продажба на човечки коски, заедно со цените.

Продавницата Wicked Wonderland наводно нудела два фрагменти од череп за 90 долари, клучна коска и рамо за 90 долари, ребро за 35 долари, пршлен за 35 долари и нецелосен човечки череп за 600 долари.

Има писмена документација

Полицијата вели дека Лелеси (исто така косопственик) за време на испрашувањето рекла дека коските биле „продавани неколку години“, но дека не знаела дека тоа е нелегално во државата Флорида.

Сите фрагменти и остатоци биле купени од приватни продавачи, а има писмена документација за трансакциите, наводно открила таа.

Службениците на редот како доказ до судот поднеле пет човечки коски од Wicked Wonderland, а судската медицина утврдила дека се на различни лица.

Шопер е пуштена со кауција од 7.500 долари, додека не се знае дали нејзиниот партнер завршил во притвор. Судењето е закажано за 1 мај.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата