На неколку минути на првиот од двата натпревара пријателски меѓу Ливерпул и Атлетик Билбао поради лажен аларм на главната трибина, дел од навивачите беа евакуирани.
Во моментот кога се активираше алармот дел од навивачите беа на своите места, но по брзата реакција на обезбедувањето се беше надминато и потврдено дека била лажна узбуна.
Првиот од двата дуела Ливерпул го доби со 4:1.
Пред почетокот на натпреварот му беше одадена почит на Диого Жото играчот на Ливерпул, кој минатиот месец го загуби животот во сообраќајна несреќа во Шпанија. Во негова чест венци цвеќе положија легендата на Ливерпул Фил Томпсон и претседателот Атлетик Билбао Јон Уриарте. /МИА