Њујорк Тајмс: Силниот земјотрес на Камчатка се чини дека ја оштетил руската база на нуклеарни подморници

5.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Њујорк Тајмс: Силниот земјотрес на Камчатка се чини дека ја оштетил руската база на нуклеарни подморници

Сликите направени од Планет Лабс, комерцијална компанија за сателитско снимање, покажуваат оштетување на пловечкото пристаниште во базата на подморници Рибачи на полуостровот Камчатка, објави весникот.

Освен оштетеното пристаниште, сателитските снимки не покажуваат други поголеми штети.

Силен земјотрес со магнитуда од 8,8 степени го погоди рускиот брег на источна Камчатка во среда, предизвикувајќи предупредувања за цунами дури до Француска Полинезија и Чиле, а потоа следеше ерупција на најактивниот вулкан на полуостровот.

Базата за нуклеарни подморници Рибачи, стратешки центар за руската Тихоокеанска флота, служи како објект за одржување, распоредување и работа на нуклеарните подморници на земјата во Тихоокеанскиот регион.

По земјотресот на Камчатка беше регистрирано исфрлање пепел на висина до шест километри на вулканот Крашениников, што, според главната дирекција на руското Министерство за вонредни ситуации за регионор може може да биде опасно за воздушниот транспорт.

Почетокот на активната ерупција на пепел на 3 август го пријавија вработените во безбедносната служба и научниот оддел на резерватот, кои вршеа истражувања во областа на вулканот. Инспекторите и научниците ја напуштија областа Крашениников.

Втор облак од пепел висок до седум километри е регистриран од вулканот Кључевскаја Сопка на Камчатка утрово, објави Институтот за вулканологија и сеизмологија на Далечноисточната филијала на Руската академија на науките на својот Телеграм канал. „Експлозиите го кренаа облакот од пепел од вулканот Кључевскаја Сопка на седум километри надморска височина“, се вели во извештајот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата