Претседателот Трамп порача дека нема да брза да постигне договор со Иран

24.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Претседателот Трамп порача дека нема да брза да постигне договор со Иран

 Додека пакистанската престолнина со развеани банери цела недела чека да ја одржи новата рунда мировни преговори, американскиот претседател појаснува дека договорот доцни поради превирањата во врвот на иранското раководство.

-Не сакам да брзам, сакам да си одвојам време. Имаме време и сакам да постигнам одличен договор, договор со кој нашата нација и светот ќе бидат безбедни од лудаци со нуклеарно оружје. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Откако неодамна го разбранува светот со најавата дека ќе уништи цела една цивилизација, а во јавноста се покренаа стравувањата од можно најлошо сценарио, Трамп сега уверува – црвеното копче нема да го притисне.

-Зошто би се поставило такво глупаво прашање. Зошто би употребил нуклеарно оружје, кога на многу конвенционален начин ги уништивме. Мислам дека нема да има ништо полошо од нуклеарен холокауст во Европа, Лондон, Париз, разни места во Германија, сите би биле мета. , вели Трамп.

Во цврст нуклеарен компромис верува и Брисел, кој смета дека на преговарачка маса мора да седнат и нуклеарни експерти, за да не се повтори договорот постигнат од Обама пред девет години, кој Трамп го напушти во првиот мандат.

-Ако разговорите се однесуваат само на нуклеарното оружје,  а на масата нема нуклеарни експерти, тогаш ќе завршиме со договор што е послаб од што беше ЈСPОА (договор од 2015 г.), изјави Каја Калас, шефица на европската дипломатија.

Кризата на Блискиот исток е клучна тема на самитот на европските лидери во Кипар, од каде дојде инфомација дека Брисел од актуелната криза губи половина милијарди евра дневно. Цената на нафтата и денеска минимално се зголеми и изнесува 105 долари за барел.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата