Претседателот на Кенија повика полицијата да им пука во нозе на антивладините демонстранти

9.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Претседателот на Кенија повика полицијата да им пука во нозе на антивладините демонстранти

Руто рече дека „е доста“ и ја повика полицијата „да им пука во нозе“ на оние кои се вклучени во ограбување и палење бизниси. Тој тврди дека незадоволството е политички мотивирано и оти неговите политички ривали сакаат да ја соборат неговата влада со насилство.

Во Кенија со недели има големи демонстрации, откако познат блогер почина во полициски притвор минатиот месец, што разлути многу Кенијци. Тензиите дополнително се зголемија откако полицаец пукаше во цивил од непосредна близина, за време на демонстрациите поради полициска бруталност.

Во понеделникот, полицијата постави барикади на сите патишта кои водат до центарот на главниот град Најроби. Полицијата се судри со демонстрантите на периферијата на градот, во 17 од 47 окрузи низ земјата, при што загина 31 лице, а повеќе од 100 беа повредени. Повеќе од 500 други се уапсени.

Вкупно 50 луѓе загинаа во изминатите две недели за време на демонстрациите. Високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Тирк, во вторникот повика на решавање на проблемите што доведоа до протестите. Граќански групи повеќе пати повикаа на воздржаност од страна на полицијата за време на демонстрациите. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата