Гренланд, огромен остров богат со ресурси во Атлантикот, е самоуправна територија на Данска, сојузник на САД во НАТО. Трамп сака да ја анектира територијата, тврдејќи дека е потребна за цели на националната безбедност.
„Претседателот Трамп вели дека САД „ќе го добијат Гренланд“.
Дозволете ми да бидам јасен: Соединетите Држави нема да го добијат тоа, ние самите одлучуваме за нашата иднина“, рече Јенс-Фредерик Нилсен. Трамп во интервју за Ен-Би-Си наведе дека САД 100 отсто ќе ја преземат контролата врз Гренланд, додавајќи оти постои „добра можност“ тоа да се постигне без воена интервенција. Не, никогаш не исклучувам воена сила. Но, мислам дека има добри шанси да го направиме тоа без неа. Ние имаме обврска да го заштитиме Светот. станува збор за светскиот мир и меѓународната безбедност. И додека сум претседател, тоа е моја одговорност. Не, не исклучувам ништо, посочи Трамп, кој и за време на неговиот прв мандат размислуваше да го купи најголемиот остров во Светот. Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс за време на посетата на американската воена база Питуфик на 28 март изјави дека Данска го занемарува островот и на Гренланд би му било подобро со САД.