Полицајците на Темз Вали и британската транспортна полиција биле повикани на железничката станица во Милтон Кејнс денеска во 12:55 часот по пријава за маж кој носел огнено оружје, пишува Sky News.
Вооружени полицајци од полицијата на Темз Вали реагирале и се соочиле со вооружениот маж, по што биле испукани истрели, соопшти полицијата.
И покрај обидите да му го спасат животот, кај мажот бил констатирана смрт во 13 часот и 44 минути.
Полицијата вели дека не верува дека постои дополнителна опасност за јавноста.