Преговори САД - Итан во Пакистан-Ќе се стави ли крај на неизвесноста на Блискиот исток?

11.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Преговори САД - Итан во Пакистан-Ќе се стави ли крај на неизвесноста на Блискиот исток?

 Преговорите се одвиваат во престолнината на Пакистан – Исламабад,  каде домаќин е пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф со кој секоја од делегациите се сретна одделно пред да бидат воспоставени директни преговори.  Од иранската делегација предводена од спикерот Мохамед Багер Галибаф и министерот за надворешни работи Абас Арагачи порачаа дека за преговорите да можат да започнат, мора да се исполнат две барања, од кои во моментов ниту едно не е спроведено.

-Две од мерките за кои страните се согласија меѓусебно, сè уште не се спроведени: прекин на огнот во Либан и ослободување на блокираните средства на Иран пред почетокот на преговорите,- - Мохамед Багер Галибаф, собраниски спикер на Иран.

Американската делегација е предводена од потпретседателот Џеј Ди Венс, специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на претседателот Доналд Трамп, Џеред Кушнер.

За Доналд Трамп, отварањето на Ормускиот теснец е еден од приоритетите во преговорите, на што според светските медиуми, Иран одговорил дека засега тоа не може да го стори поради многубројните „изгубени„ морски мини во теснецот. 

-Ќе го отвориме (теснецот) прилично брзо.

 Новинар: кој ви е резервниот план?  Не ви треба резервен план. Нивната армија е поразена, готова е. Деградиравме прилично се, имаат многу слаби индустриски капацитети, ги удривме прилично силно. - Доналд Трамп, претседател на САД.

Според најавите, преговорите можат да траат и со денови а Ормускиот теснец останува критична точка. Според светските медиуми, Иран бара целосна власт над теснецот, репарации за нанесената штета од војната, повлекување на американските борбени сили од регионот и дозвола да збогатува ураниум.

За САД пак збогатен ураниум е нешто за што не може да се преговара, теснецот мора да биде отворен за сите, а нивните воените сили засега остануваат на Блискиот Исток.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата