Предупредување дека царинската „војна“ може да има катастрофални последици за земјите во развој

11.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Предупредување дека царинската „војна“ може да има катастрофални последици за земјите во развој

Кина денеска возврати со речиси иста мера и од 84 ги зголеми на 125 проценти царините за американскиот увоз во земјата. Прв пат се огласи и кинескиот лидер Кси Џин Пинг, кој во Пекинг го пречека шпанскиот премиер Педро Санчез, од каде ја повика Европската Унија заеднички да стават крај на едностраните насилни политики на Вашинтон. 

-Во трговската војна нема победници, а да се оди против светот води само до изолација. Развојот на Кина повеќе од 70 години се заснова на самодоверба и напорна работа и не се плаши од каков било нефер притисок. , изјави Кси Џин Пинг.

По веста за новите кинески царини, азиските берзи експресно паднаа во просек за пет проценти, а европските за еден, а цената на златото достигна историско високи рекордни 3,200 долари за унца. Обединетите Нации стравуваат дека царинската војна може да ја турне светската трговија за три до 7 проценти, а најголемиот удар ќе го почувствуваат земјите во развој.

-Ако оваа ескалација со царините меѓу САД и Кина продолжи ќе резултира со 80 процентно намалување на трговијата меѓу Кина и САД, а ефектот во светот може да биде катастрофален. , Памела Кук Хамилтон, директорка на меѓународна трговска агенција при ОН.

Европската Унија го поздрави паузирањето на новите американски царини, но како што рече во интервју за Фајнешл Тајмс, шефицата на Европската Комисија, Брисел е подготвен за одмазнички мерки врз американските технолоши гинанти, ако нема избалансиран договор со САД. Трамп пак сега соочува и со обвинувања за наводна инсајдерска трговија и манупулација со берзите. Сомнежите произлегоа откако тој прво напиша „одлично време е за купување акции, неколку часа потоа ги паузираше новите царини, а берзите на Волстрит експресно пораснаа. Проструи и видео во кое тој споделуваа импресии со присутните во Овалната соба.

-Тој заработи 2,5 милијарди денеска, а тој 900 милиони. , вели Трамп на видеото.

-Ние никогаш не сме имале претседател во скорешно време или било кога да препорача да се купат или продадат акции.   , изјави Ричард Паинтер, поранешен правник во Белата куќа.

-Секој што тргувал во последните 48 часа и што заработил неверојатна сума пари пред објавата на царините и седи во оној Дом треба да одговара. , изјави Александрија Оказио Кортез, демократска конгресменка

Трамп пред два дена ги стави на пауза речиси сите реципрочни царини на 90 дена, со исклучок на Кина, која сега се соочува со 145 процентни тарифи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата