„Прајд“ во Тел Авив- најголем ваков собир на Блискиот Исток, министрите негодуваат

8.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Прајд“ во Тел Авив- најголем ваков собир на Блискиот Исток, министрите негодуваат

Мажи и жени во шарени алишта учествуваат на собирот, танцувајќи на и околу платформите додека од звучниците се слуша музика на шеталиштето покрај морето во градот, што го сметаат за ретка оаза на толеранција во регионот, објавија новинарите на АФП од местото на настанот. .

Оваа година, кога се одбележува 25-годишнината од првата парада одржана во 1998 година, градските власти се фалат дека биле домаќини на „најголемата парада на гордоста“ организирана во Израел.

Прославата ќе продолжи и утре, се вели во соопштението од градската управа. Израелскиот информативен портал Ynet пишува дека вечерва се собрале „десетици илјади луѓе“, а се очекува да пристигнат и други. Во 2022 година во таа поворка учествувале повеќе од 200.000 луѓе, соопшти градската управа.

Јаел Бен Јосеф (22), студент по психосоциологија во Бершева, смета дека е „многу важно“ да се учествува оваа година бидејќи владата на Бенјамин Нетанјаху, формирана во декември, вклучува министри кои отворено се противат на правата на ЛГБТ луѓето.

„Мораме да покажеме дека сме тука, дека не се плашиме и дека нема повторно да бидеме избркани од јавноста“, вели девојка завиткана во знаме со виножито.

Итамар Бен Гвир, денес министер за државна безбедност, беше меѓу организаторите на „парадата на животните“ во Ерусалим во 2006 година, кога противниците на парадата, членови на верски партии, шетаа со животни, споредувајќи ги хомосексуалците со нив.

Израел е признат како либерална земја каде што членовите на ЛГБТ заедницата ги имаат истите права како и сите други. Истополовите бракови, иако не се незаконски, не се можни бидејќи не постои институција која би можела да ги легализира. Истополовата заедница се признава доколку е склучена надвор од државата.

„Сега најважно е да се бориме за да не ни бидат ускратени правата“, додава Јаел Бен Јосеф.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата