Потона јахта, преполна со убави инфлуенсерки- нивните снимки шокираат (ВИДЕО)

5.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Потона јахта, преполна со убави инфлуенсерки- нивните снимки шокираат (ВИДЕО)

Да потсетиме дека необичната несреќа, со оглед на вредноста на бродот и патниците на него, се случила во саботата во Мајами, кога луксузниот глисер Ламборџини Текномар, вреден 4,5 милиони долари, завршил под вода додека на него имало 30 инфлуенсерки во бикини, објави Дејли Меил.

Иако официјалната причина за потонувањето сè уште не е објавена, се сомнева на преоптоварување, бидејќи според техничките спецификации, бродот може да смести пет патници и двајца членови на екипажот.

На видеата објавени од некои од инфлуенсерките, можете да видите како јахтатата одеднаш почнува да тоне, додека тие уживаа со танцување и шампањ.

На истата снимка, може да се видат убави девојки во портокалови елеци за спасување кои чекаат помош, додека една од нив вика од страв: „За... мојот живот“.

Сепак, неочекуваната ситуација не го поколеба духот на инфлуенсерките, кои продолжија да танцуваат и да се смеат откако беа спасени од тонењето на луксузната јахта.

Една од нив дури успеала да земе шише текила вредно 330 долари, кое подоцна го испила викајќи: „Бебето е безбедно“.

Крајбрежната стража на Мајами, која ја спроведе спасувачката операција, ја презеде истрагата за инцидентот, фокусирајќи се на фактот дека бродот долг 20 метри бил преоптоварен.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата