Порошенко ги повика украинските власти итно да изградат утврди во критичните области

9.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Порошенко ги повика украинските власти итно да изградат утврди во критичните области

Тој ги повика властите да изградат утврди на административната граница на регионите Доњецк и Дњепропетровск, како и во регионите Харков, Суми и Запорожје.

Порошенко купил 12 нови багери за украинската армија во вредност од еден милион долари, јави Интерфакс-Украина.

Претходно Порошенко веќе набави повеќе од 40 багери за украинската војска.

- Порачуваме шест багери месечно и таа нарачка ќе ја продолжиме во 2025 година, изјави Порошенко.

Тој потсети дека пред повеќе од три години Стејт департментот и Белата куќа им рекле на украинските власти дека треба да подготват утврди, но тоа се уште не е почнато. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата