Поранешниот грузиски претседател Саакашвили осуден на девет години затвор поради проневера

12.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Поранешниот грузиски претседател Саакашвили осуден на девет години затвор поради проневера

 Градскиот суд во Тбилиси денеска го прогласи за виновен поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили во случајот за проневера на државни средства и го осуди на девет години затвор, додавајќи три години на затворската казна што ја издржува во моментов.

Саакашвили, кој беше претседател од 2004 до 2013 година, претходно беше осуден на шест години затвор поради злоупотреба на службената положба по враќањето во Грузија во 2021 година, објави грузиска новинска агенција.

Поранешниот грузиски претседател е во болница од 2022 година, а денеска не се појави на судењето, јавува Цивил Грузија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата