Полскиот премиер ја повика Европа итно да подготви план за Украина

15.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Полскиот премиер ја повика Европа итно да подготви план за Украина

Полскиот премиер Доналд Туск денеска ги повика Европејците итно да создадат план за Украина и безбедноста на континентот, за нејзината иднина да не биде обликувана од други, бидејќи може да се случи мирот за кој преговараат глобалните играчи да не е во согласност со европските интереси.

„На Европа итно и треба план, свој план за акција во однос на Украина и нашата безбедност, инаку други светски играчи ќе одлучуваат за нашата иднина. И тоа не мора да значи дека ќе биде во согласност со нашите интереси“, апелираше премиерот на Полска, која претседава со ЕУ, на мрежата Икс.

Тој нагласи дека овој план мора веднаш да се направи. „Немаме време за губење“, порача Туск.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата