Полска се откажа од процесот на набавка на 32 американски хеликоптери, ќе купат дронови

6.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Полска се откажа од процесот на набавка на 32 американски хеликоптери, ќе купат дронови

„Можеби ќе биде потребно да се купи друга опрема наместо хеликоптери, како што се беспилотни летала, тенкови или некаков вид комуникација“, изјави портпаролот на агенцијата Гжегож Полак за „Ројтерс“.

Полак додаде дека е потребна „одредена корекција“ кога геополитичката ситуација и интересите на националната безбедност бараат извршување на други задачи.

Полска започна преговори за купување на 32 хеликоптери С-70 и Блек Хок, произведени од полската подружница на „Локид Мартин“, ПЗЛ Мелец, во 2023 година, за време на претходната влада.

Мариуш Блашчак, пратеник од партијата „Право и правда“ (ПиС), кој беше министер за одбрана во претходната полска влада, ја нарече одлуката „срамна“ во објава на платформата X, наведувајќи дека тоа ќе го забави заменувањето на флотата хеликоптери.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата