Изјавите на руските претставници за наводниот почеток на враќањето на телата или мерките за репатријација врз основа на договорот меѓу делегациите на Украина и Русија во Истанбул не се вистинити, соопшти денес украинскиот координативен штаб за третман на воени заробеници.
„Изјавите на претставниците на државата агресор за наводниот почеток на враќањето на телата или мерките за репатријација врз основа на резултатите од договорот во Истанбул се невистинити“, објави Координативниот штаб на Фејсбук, според Укринформ.
Украинскиот координативен штаб додаде дека се во тек подготовки за размена на тешко болни, тешко ранети, млади луѓе, како и за размена на тела на убиени украински и руски војници.
Вториот круг преговори меѓу Украина и Русија се одржа во Истанбул на 2 јуни, а двете страни се согласија за размена на тешко болни воени заробеници и војници на возраст од 18 до 25 години по принципот „сите за сите“.
Украина и Русија, исто така, се согласија да разменат по 6.000 тела на убиени војници.