Полицијата во Њујорк застрела маж кој со мачета нападна патници во метрото

12.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Полицијата во Њујорк застрела маж кој со мачета нападна патници во метрото

Напаѓачот повредил 84-годишен маж и 65-годишен маж во пределот на главата и лицето, додека 70-годишна жена се здобила со исеченици на рамото додека била на перонот во метрото. Полицијата соопшти дека напаѓачот, идентификуван како 44-годишниот Ентони Грифин, ги игнорирал многубројните наредби да го фрли оружјето и се нарекувал себеси „Луцифер“.

Властите изјавија дека немаат сомнеж за поврзаност на инцидентот со тероризам, но настанот предизвика пренасочување на линиите на подземната железница.

Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, во изјава нагласи дека „невини луѓе биле нападнати во бесмислен чин на насилство“.

Градоначалникот на Њујорк, Зоран Мамдани, ги пофали полициските службеници за нивната брза реакција и најави дека ќе бидат објавени снимките од полициските камери од инцидентот. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата